Стивен Колберт, - Фото: Принтксрин/Јутјуб

ВИДЕО | „Ќе го прикажувам ова видео до крај“: Емисијата на Стивен Колберт кој јавно се потсмеваше со Доналд Трамп ќе биде укината

Водителот на „Лејт Шоу“ (The Late Show), Стивен Колберт, се потсмеваше на Доналд Трамп за неговата насилна реакција откако ескалаторот во зградата на Обединетите нации застана пред да се качат тој и неговата сопруга Меланија.

„Откако Трамп се врати на функцијата, тој води кампања за одмазда против своите непријатели, за кои верува дека се обидувале да го соборат“, рече Колберт во својот монолог.

„Сега тој го насочи целиот свој гнев кон единствениот непријател, а тоа е ескалаторот на ОН.“

Инцидентот се случил кога ескалатор одеднаш застанал во моментот кога Доналд и првата дама Меланија Трамп требало да се возат на него. Иако никој не бил повреден а Трамп бил видно потресен, двојката едноставно го поминала остатокот од „патот пешки“ или како што вели Колберт вели „некогаш тие беа познати како скали“.

Претседателот на САД наводно побарал истрага, па дури и апсења поради инцидентот. Сепак, ОН подоцна објасни дека ескалаторот случајно бил запрен од член на придружбата на Трамп.

На Колберт толку многу му се допаднала снимката од Трамп на запрените скали што ветил дека ќе продолжи да ја прикажува во својата емисија.

„Многу ми е мило што ниту едно од тие две лица не е повредено“, рече тој, додавајќи: „Затоа што ќе уживам прикажувајќи ја таа снимка секоја вечер до мај.“

За потсетување, „Си-би-ес“ на 17 јули 2025 година потврди дека емисијата на Стивен Колберт ќе биде откажана во мај 2026 година, по повеќе од една деценија емитување под водство на Колберт.

Одлуката е донесена од финансиски причини, а мрежата нагласи дека по завршувањето на „The Late Show“, нема да лансира нова емисија доцна во ноќта што ќе ја замени. Со ова ќе се стави крај на традицијата на вечерни ток-шоуа што постои на „Си-би-ес“ од 1993 година, кога Дејвид Летерман ја лансираше својата верзија на „The Late Show“.

Колберт ја презеде емисијата во 2015 година, наследувајќи го легендарниот Летерман. Тој брзо стана едно од препознатливите лица на американската телевизија, познат по својот сатиричен пристап, остар хумор и политички коментари, што често ја ставаше емисијата во центарот на јавната дебата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот