
ВИДЕО | Кит Урбан го смени текстот на песната посветена на Никол Кидман за време на настапот: Обожавателите го нарекоа ,,ѓубре”
Кит Урбан ги изненади обожавателите откако го промени текстот на својата песна по разводот од Никол Кидман. Кидман поднесе барање за развод по 19 години брак, а извори блиски до двојката тврдат дека Урбан веќе има нова партнерка која е од музичката индустрија.
Препорачано
Покрај тоа, се појави видео од Урбан како ја изведува песната „The Fighter“ од неодамнешен концерт, а обожавателите забележаа голема разлика во текстот, пишува ,,Дејли Меил”.
Видеото го сподели неговата гитаристка Меги Бау на Инстаграм, а го прикажува Урбан како ги пее текстовите:
„Кога ќе се обидат да те освојат Меги, јас ќе бидам твоја гитаристка“. Оригиналниот текст на песната гласи: „Кога ќе се обидат да те освојат, бејби, јас ќе се борам за тебе“.
View this post on Instagram
По ова следеа низа коментари од обожавателите на социјалните мрежи кои меѓу другото напишаа:
„Таа песна е направена за Никол. Она што го направи ни кажува за што всушност станува збор“, „Толку е грубо да се прави ова со песна инспирирана од неговата сопруга“, „Тој е ултимативно ѓубре“.
Кидман поднесе барање за развод, наведувајќи непомирливи разлики, а во последно време двојката е разделена поради зафатени снимања и распореди за турнеи.