Хенри Кисинџер
Хенри Кисинџер / Фото: EPA/LAURENT GILLIERON

ВИДЕО | Кисинџер најнова мета на руските шегобијци: Му се претставиле како Зеленски и го прашувале за „Северен тек“

Популарните руски јутубери, познати по шегите кои ги прават на познатите личности објавија ново видео, чија мета сега беше поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, кој на дуото му ги открил своите размислувања за саботажата на гасоводот „Северен тек“. Искусниот дипломат, кој бил државен секретар на САД во периодот од 1973 до 1977 година и поранешен советник за национална безбедност на САД, станал најновата личност што била измамена од двојката позната како Вован и Лексус, објавија руските медиуми.

Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров во нивната најнова измама се претставија пред Кисинџер како украинскиот претседател Володимир Зеленски. Кисинџер беше запрашан кој според него стои зад саботажата на гасоводот „Северен тек“ со кој се транспортира гас меѓу Русија и Германија.

„Искрено мислев дека вие Украинците го направивте тоа“, им рекол Кисинџер. Еден од нив потоа го прашал: „Навистина? Мислеше дека сме ние?! Не, не, не сме…”. Кисинџер потоа одговорил: „Но, јас не те обвинив“, сугерирајќи дека не мислел на забелешката да служи како критика.

Уште не се знае кој стои зад експлозијата на гасоводот „Северен тек“ за која Русија и Украина постојано си разменуваат обвинувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот