
ВИДЕО | Какво промашување: Зграда со луксузни станови испушта неподносливи звуци и ги излудува соседите
Новиот луксузен станбен блок „Шорлајн кресент“, изграден од британскиот милионер Сер Роџер де Хан во Фолкстон, Кент, предизвика бес кај локалните жители, пишува „Пункуфер“.
Препорачано
Имено, зградата која има 84 луксузни станови по цена од 430.000 до 1,8 милиони фунти, ги држи соседите будни цела ноќ, поради нејзината специфична фасада која испушта неподносливи звуци кога дува ветер.

Становите се наоѓаат веднаш на брегот на морето, а се верува дека ветерот кој минува низ заоблената ограда на балконот произведува звуци на пиштење, што ги излудува луѓето од Фолкстоун. Мештаните во малото пристаниште на југот на Англија се жалат на страшната бучава, опишувајќи ја како комбинација од звуци на харфа и ксилофон.

Тврдат дека звуците ги прогонуваат и потсетуваат на зуењето во ушите кое обично се поврзува со тинитус. Затоа новата зграда со потсмев ја нарекуваат зграда за тинитус.

Колку се посилни ветровите во Фолкенстон, толку е понеподнослива вревата.
„Почекајте да почне зимското невреме. Тогаш ќе имаме реален проблем“, посочуваат жителите.
Како звучи зградата кога дуваат силни ветрови, слушнете на видеото подолу: