
ВИДЕО | Како течат подготовките за историската 11-минутна мисија на Кети Пери и Лорен Санчез: Малку ќе ја „зачиниме“ вселената
Американската поп ѕвезда Кети Пери и Лорен Санчез, свршеницата на милијардерот Џеф Безос, го привлекоа вниманието на социјалните мрежи со здружување на силите за да ја прослават претстојната историска мисија на Blue Origin – првата целосно женска вселенска експедиција.
Препорачано
Како дел од подготовките за значајниот настан, двете позираа во темно сини футуристички „бодикон одела“ дизајнирани токму од Лорен Санчез, кои прикажуваат спој на модата, технологијата и визијата за иднината.
View this post on Instagram
Лорен за „Њујорк тајмс“ го коментираше дизајнот на сините одела:
– Ајде повторно да го замислиме оделото за летот. Обично, знаете, овие одела се направени за мажи. Потоа ги прекројуваат да одговараат на жена. Мислам дека овие одела се елегантни, но малку и ќе ја зачинат вселената“.
View this post on Instagram
Лорен Санчез, која го предводи тимот составен исклучиво од женски членови, најави дека мисијата ќе трае 11 минути и ќе биде реализирана преку приватната вселенска компанија на Безос, Blue Origin. Иницијативата означува важен чекор кон вклучување на жените во истражувањето на вселената, а Санчез рече дека е горда што го води тимот.
View this post on Instagram
Покрај Пери и Санчез во тимот се и ракетниот научник Ајша Боу, биоастронаутичкиот научник Аманда Нгујен, ководителката на CBS Mornings, Гејл Кинг и филмската продуцентка Керијан Флин.
Ракетата треба да биде лансирана денеска околу 8 часот и 30 минути по локално време од Западен Тексас, односно 15 часот и 30 минути по средноевропско време.
Целосно автоматизираното летало ќе полета вертикално, капсулата со екипажот ќе се одвои среде летот, а подоцна ќе се врати на земјата.