
ВИДЕО | Како пар гради станаа главна тема на модната недела во Париз
Холандскиот дизајнер Дуран Лантинк го привлече вниманието со својата колекција за есен 2025 година, која ја претстави на модната недела во Париз. Ревијата ја затвори машки модел кој прошета по пистата со големи силиконски гради. Публиката се насмеа кога го виде моделот, а снимките и фотографиите од ревијата веднаш завршија на социјалните мрежи како TикTик и Икс, каде собраа илјадници прегледи.
Препорачано

Лантинк е познат по спојувањето на модата со темите на голотија и провокација. Назад во 2019 година, кога го лансираше својот бренд, ги дизајнираше познатите „вагинални панталони“ за музичкото видео на Janelle Monáe, Pynk. Неговата последна колекција вклучуваше модели во панталони со исечок на задникот, а ревијата ја отвори познатата манекенка Мика Аргањараз, облечена во елек од латекс кој наликуваше на мускулесто машко торзо.
@dazed Final look from the Duran Lantink AW25 show(。ㅅ 。) #DazedFashionTV #DuranLantink #runway #TikTokFashion ♬ Originalton – dailynicki
“Се работи за косплеј, играње со лош вкус и форми. Секоја сезона се обидуваме да се изненадиме сами себе – како да направиме нешто што ни е интересно од оригинално парче”, изјави Лантинк. Во новата колекција тој користеше влошки од пена за да ги обликува костимите што ги носат моделите. Малкумина на интернет го погледнаа останатиот дел од колекцијата бидејќи токму контроверзниот крај го украде вниманието.
Ваквите костими не се ништо ново во модата, уметникот и дизајнер Аким Смит, на пример, долго време користи слични елементи како коментар на општествените стандарди за убавина. Сепак, намерите на Лантинк овојпат останаа нејасни. Неговиот потег на сите не им е забавен – бројни коментатори на социјалните мрежи го изразија своето неодобрување.
Меѓу нив е и познатата дизајнерка Дилара Финдикоглу, турската дизајнерка на речиси проѕирниот фустан кој Џулија Фокс го носеше по Оскарите. Иако не го спомна директно, таа на Инстаграм напиша: „Разочарана сум што сум сведок на исмејувањето на женското тело од млад машки дизајнер кој го сакав и почитував“.