Фото: Manchester City

ВИДЕО: Јунајтед немоќен, Сити лесно го доби градското дерби

Манчестер сити со стил го доби големото градско дерби, совладувајќи го Манчестер јунајтед со убедливи 3-0 на „Итихад“ во рамки на четвртото коло од Премиер лигата.

Иако „црвените ѓаволи“ имаа свои обиди за погодок, Донарума не дозволи изненадување и со неколку интервенции ја сочува својата мрежа. Резултатот беше отворен во 18. минута кога го погоди Фил Фоден.

На почетокот од второто полувреме Ерлинг Халанд ја зголеми предноста на „граѓаните“, а обидите на екипата на Рубен Аморим да се врати во игра останаа безуспешни. Норвешкиот голгетер повторно беше во вистинско време на вистинското место и со вториот свој гол ја потврди победата на Сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот