Фото: Принтскрин / Фејсбук

ВИДЕО | „Јовано, Јованке“ се слушна среде Чешка: Колумбиецот Јанко го изненади македонскиот келнер во Прага

Колумбиецот Јанко Пенафорт е професионален музичар и пејач кој со неговиот бенд го шета светот и пее песни од сите земји, но особено е фасциниран од македонската музика.

Откако го научил нашиот јазик, на својата фејсбук-страница „Колумбиец пее на македонски“ постојано објавува видеа како пее песни кои се дел од македонскиот фолклор.

Последното видео кое е објавено на социјалните мрежи е доказ за тоа, каде Јанко му подготвил изненадување на македонски келнер кој работи во ресторан во Прага, Чешка.

Во видеото може да видиме како Колумбиецот го прашува келнерот од каде потекнува, на што тој му одговара: „Од Македонија“. Во истиот момент тој со неговиот бенд започнува да ја пее „Јовано, Јованке“, а македонскиот келнер воодушевено ги слуша.

Но, изненадувањето не беше само оваа песна, Јанко продолжи да ги пее и популарната песна на Спасен Силјаноски „Ќе ти дојдам“ и „Велат не нема“ од Влатко Миладиновски.

Патем, овој музичар ја има посетено Македонија кога и објави фотографија на која позира на Камениот мост во Скопје. А, за нашата музика вели: „Како музичар од Колумбија, мислев дека сум слушнал сè. Ритми, мелодии, приказни што ги раскажува музиката… но потоа ја открив македонската музика. И да ви кажам, тоа е нешто што никогаш досега не сум го слушнал“.

ВИДЕО | Колумбиец ја пее „Јовано Јованке“ во Канада: „Македонци, вашата музика е вистинско богатство!“

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот