
ВИДЕО: Јокиќ го собори рекордот на Вилт Чембрлен
Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ уште еднаш испиша историја во НБА лигата, тој во победата на неговиот тим од 119:109 над Орландо меџик имаше учинок од 17 поени, девет скокови и дури 16 асистенции.
Ниту еден центар од 1980 година па досега немал 15 или повеќе асистенции. Ова беше неков 81. натпревар на кој има 10 или повеќе асистенции и во оваа статистичка категорија стана најдобар центар во историјата на НБА лигата. Јокиќ зад себе го остави легендарниот Вилт Чембрлен кој на 80 натпревари имал 10 или повеќе асистенции.
Препорачано
Во дербито на Лос Анџелес, Клиперси без никакви проблеми со 104:86 ги совладаа ослабените Лејкерси. Актуечниот шампион беше без помошта на Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Андре Драмонд и тоа го искористија Клиперси кои без проблеми дојдоа до 33. Победа сезонава.
Маркус Морис со 22 поени беше најдобар кај победникот, додека Монтрез Херел постигна 19 поени на спротивната страна.
Атланта дојде до третата победа по ред откако со 117:111 го совлада Голден Стејт. Дилемите околу победникот беа решени во последната четвртина која Атланта ја доби со 38:29. Данило Галинари со 25 поени и 10 скокови беше најдобар кај Атланта, додека кај „воините“, Стеф Кари даде 37 поени.
Најдобриот тим во Источната конференција, Филаделфија сиксерс е поразена од Мемфис со 116:100, додека Бостон благодарение на 21. Постигната тројка без проблеми со 116:86 го победија Шарлот.
Резултати:
Бостон – Шарлот 116:86
Филаделфија – Мемфис 100:116
Атланта – Голден Стејт 117:111
Хјустон – Њу Орлеанс 115:122
Денвер – Орландо 119:109
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 104:86