Извлечен е камионот од дупката на улица во јапонскиот град Јаширо/Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

ВИДЕО | Јапонија: Дупката што „проголта“ возач и камион сега е четирипати поголема

Јапонските власти побараа од стотици жители на градовите во Јапонија да ги напуштат своите домови бидејќи огромната дупка што ненадејно се создаде на патот на периферијата на главниот град и ги „проголта“ камионот и неговиот возач продолжува да расте.

Според Си-ен-ен, операцијата за спасување на постариот возач на возилото што падна во огромната дупка продолжува под сè понеповолни услови, бидејќи дијаметарот на дупката се зголемил за четири пати во четирите дена што поминале од неговото појавување.

Минатиот вторник, дел од коловозот на раскрсница во градот Јаширо, на околу 30 километри северно од Токио, попуштил, голтајќи камион тежок три тони и неговиот 74-годишен возач. Веднаш беше започната огромна спасувачка операција, но до денес тоа не даде никакви резултати.

Дупката сега се прошири на пречник од 40 метри – четири пати поголема отколку кога првпат се појави – изјави локален претставник за Си-ен-ен денеска.

„Внатрешноста продолжува да кородира, а дупката секој ден станува сè поголема“, изјави портпаролот на агенцијата одговорна за канализацијата на префектурата Саитама.

Спасувачите користеле кранови за да подигнат дел од камионот и испратиле дронови во дупката, но од вторникот не можат да стапат во контакт со возачот.

Надлежните проценуваат дека кородираните цевки од канализацијата можеби предизвикале слегнување на земјата, додека истекувањето на канализацијата веројатно ја влошило ситуацијата. На жителите на 200 домови во областа им е наложено да се евакуираат. Дополнително, локалните власти побараа од 1,2 милиони жители да избегнуваат капење и перење алишта со цел да се ограничи производството на отпадни води и да се олесни операцијата за спасување во нестабилното тло.

ВИДЕО | Во Токио трка со времето за спасување на возач кој со камионот пропадна во дупка на улица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот