
ВИДЕО | Jaмал блесна со еврогол, Шпанија ја победи Франција и обезбеди финале на ЕП
Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист на Европското првенство откако вечерва со 2:1 „Црвената Фурија“ славеше победа над Франција во полуфиналето во Минхен.
Препорачано
Возбудливо почна натпреварот со по некоја шанса на двете страни, а првиот гол го видовме по само девет минути игра. Килијан Мбапе нафрли во шеснаесетникот, а на вистинското место се најде Коло Муани.
Голот кој го постигна Франција не влијаеше на играта на Шпанија, па избраниците на Де Ла Фуенте брзо се вратија. Голот за изедначување беше дело на супер талентираниот Ламин Јамал кој со мајсторски удар ја затресе мрежата на Мањан во 21. минута.
Само четири минути подоцна Шпанија стигна и до целосен пресврт со погодокот на Дани Олмо. До крајот на првиот дел Шпанија имаше прилика и за трет погодок, меѓутоа до него не дојде.
Во вториот дел Шпанците успешно ја контролираа играта и не дозволија Франција посериозно да се закани.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
7мин
-
7мин
-
14мин
-
17мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5