Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | Ја кажа вистината: Зои Кравиц случајно ги „дрогирала“ пријателите со чоколадни печурки

Актерката Зои Кравиц во ново интервју откри дека неколкупати ненамерно „дрогирала“ луѓе со халуциногени, додека нејзиниот колега Остин Батлер сподели сопствена бизарна случка од концерт.

Двете холивудски ѕвезди, кои заедно глумат во филмот „Фатен во кражба“ (Caught Stealing), во разговор за списанието „Венити фер“ открија шокантни, но и комични анегдоти од приватниот живот.

Сѐ започна кога Батлер ја праша Кравиц дали некогаш случајно земала халуциногени, на што таа искрено призна: „Никогаш не сум ги земала случајно, но случајно сум дозирала неколку луѓе“.

Кравиц објасни дека тоа ѝ се случило повеќепати, најчесто со пријатели кои без прашање ѕирнале во нејзиниот фрижидер додека ја немало дома.

„Се случи околу четири пати. Еднаш беше додека го снимав ‘Бетмен’. Пријателка ми дојде од Париз, отвори фрижидер и јадеше чоколадни печурки. Мораше да ме повика, па ја оставив работата и тргнав да ѝ помогнам. Месец подоцна се случи истото со друг пријател“, раскажа актерката.

За да спречи нови инциденти, денес сè во фрижидерот го обележува со етикети. Сепак, низ смеа додаде: „Ама и не треба да влегувате во туѓ фрижидер и да јадете неозначена чоколада“.

И Остин Батлер неодамна доживеал необична авантура. Во гостување во „Тунајт шоу“ зборуваше за виралното видео во кое незгодно танцува на концерт на Бед Бани.

„Некој ми даде јадење со дрога пред шоуто и помислив дека е добра идеја. Сфатив дека не сме во публиката, туку во куќичка што била всушност друга сцена. Одеднаш се најдов на сцената со Бед Бани, а дрогата почна да делува. Беше лудо!“, се присети Батлер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот