
ВИДЕО | Израелски пратеник исфрлен од говорницата на Кнесетот зошто спомна „геноцид во Газа“
Тензиите се зголемија во Кнесетот кога еден израелски пратеник го цитираше познатиот израелски автор и романописец Давид Гросман, кој, во разговор за италијанскиот весник „Ла Република“, тврдеше дека со „огромна болка и скршено срце“, Израел во моментов извршува „геноцид“ во Газа.
Препорачано
Изјавата на пратеникот Офер Кашиф од левичарската партија Хадаш-Таал предизвика возбуда на денешната седница во Кнесетот. Еден пратеник почна гласно да протестира.
Во исто време, претседателот на парламентот ги повика обезбедувањето да го отстрани пратеникот.
„Со години одбивав да го користам терминот геноцид, но сега, по сликите што ги видов и по разговорите со луѓето што беа таму, повеќе не можам да го избегнувам“, рече Кашиф во својот говор.
אמש, במהלך נאומי לזכר נרצחי טבח שפרעם לפני 20 שנה, הורדתי באלימות מדוכן הנואמים באמצע דבריי, רק משום שציטטתי את דבריו של הסופר הישראלי דוד גרוסמן נגד הג’נוסייד בעזה.
אפילו סופרים ביקורתיים כבר אסור לצטט בפרלמנט של הדמוקרטיה היחידה במזה”ת.
בפרפראזה להיינה: במקום שבו אוסרים לצטט… pic.twitter.com/wwifu5OgyM
— Ofer Cassif עופר כסיף عوفر كسيف (@ofercass) August 5, 2025
Според „Хаарец“, претседателот на парламентот, Нишим Ватури, го прекинал Кашиф, велејќи: „Ова не е цитат – ова е измислица“ и побарал пратеникот да биде отстранет од говорницата.
Кратко потоа, еден од обезбедувањето влегол во израелскиот парламент и го отстранил Кашиф од говорницата.