принтскрин твитер

ВИДЕО| Измасакрирани платеници на Вагнер во Мали – влетале во заседа

Бунтовниците  Туарези од северниот дел на Мали соопштија дека убиле и раниле десетици војници и платеници од Вагнер во дводневните борби во близина на границата со Алжир.

Армијата на Мали тврди дека изгубила само двајца војници и убила 20 бунтовници.

Бунтовничкото движење наречено Постојана стратешка рамка за мир, безбедност и развој (ЦСП-ПСД), соопшти дека заплениле оклопни возила, камиони и танкери во борбите околу пограничниот град Тинкауатен.

Бунтовничката група, исто така, соопшти дека оштетила хеликоптер што се урнал во градот Кидал, на стотици километри оддалеченост.

Сепак, фотографиите и информациите што се појавија на руските канали Телеграм сведочат дека во оваа заседа животот го загубиле голем број борци на Вагнер. Руски воени блогери тврдат дека во нападот биле убиени најмалку 20 платеници.

– Во Мали се убиени вработени во групата Вагнер, кои патувале во конвој со владини трупи… Некои се заробени – објави познатиот руски воен блогер Семјон Пегов.

Новинскиот канал Baza Telegram, кој наводно има врски со руските безбедносни структури, објави дека најмалку 20 борци на Вагнер биле убиени.

Меѓу загинатите е Никита „Белиј“, администраторот на телеграмската група „Греј зона“, позната по врските со Вагнер.

На социјалните мрежи се споделуваат вознемирувачки видеа на кои се гледа телото на Никита „Вајт“, како и голем број мртви по борбите.

Според некои информации во овој напад загинал и Антон Јелизаров „Лотус“, наводно водачот на Вагнер-групата, чие раководење го презеде по смртта на Евгениј Пригожин. Подоцна, тие на руските канали Телеграм тврдеа дека Јелизаров бил фатен, а потоа разменет. Оваа информација не е потврдена од официјални извори.

Бунтовниците пак соопштија дека поразиле баталјон на војската на Мали и борците на Вагнер кои ги поддржувале. Во соопштението се наведува дека непријателот е „уништен“ и дека се заробени неколку војници и платеници кои ја преживеале битката.

Западноафрикансата држава Мали, каде што воените власти ја презедоа контролата во државните удари во 2020 и 2021 година, веќе неколку години се соочува со крвав конфликт меѓу владата и исламистичките бунтовници.

Властите на Мали претходно тврдеа дека руските сили не се платеници на Вагнер, туку инструктори кои ги обучуваат локалните војници да користат оружје и опрема купени од Русија.

Владата во Бамако објави дека платениците на руската приватна војска Вагнер се во Мали најмалку од 2021 година.

Туарезите се етничка група која го населува регионот Сахара, вклучувајќи делови од северниот дел на Мали.

Сепаратистичките групи започнаа бунт против владата во Мали во 2012 година, но овој бунт подоцна беше „преземен“ од исламистичките групи.

Мировниот договор беше потпишан со Владата на Мали  во 2015 година, но CSP-PSD се повлече од преговорите на крајот на 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот