Камион изгоре на автопатот Тетово-Скопје / Фото: ТВ21 / скриншот

ВИДЕО: Изгоре камион на автопатот Тетово-Скопје, возачот е повреден

Попладнево на автопатот Скопје–Тетово, кај селото Групчин, се запалил камион „Рено“ со гостиварски регистарски таблички, при што возачот се здобил со повреди и бил пренесен во болница, соопшти МВР.

„Во 20:00 часот било пријавено дека на делницата кај Добарски мост било зафатено од пожар товарното возило управувано од Б.М. (32). Возачот бил итно префрлен во Клиничката болница во Тетово со возило на итната помош“, пишува во соопштението.

Благодарение на брзата реакција на Територијалната противпожарна единица од Тетово, пожарот бил успешно локализиран и изгаснат. На интервенцијата учествувале петмина пожарникари со две возила – специјализирано теренско возило и противпожарен камион, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот