Фото: EPA-EFE/GEORGIA PANAGOPOULOU

ВИДЕО | Италијанците му фаќаат сеир на Месина: Тренерот на Димитријевиќ славеше победа, па изгуби

Eкипата на Ненад Димитријевиќ, Олимпија Милано во вчерашниот натпревар од Евролигата доживеа изненадувачки пораз од ослабената Алба Берлин која до вчерашниот натпревар имаше само една победа.

По тој натпревар во центарот на вниманието се најде и тренерот на Олимпија, Еторе Месина.

Месина како да не знаеше што точно се случува на теренот, па во моментите кога Спањоло промаши шут за Алба и резултатот остана 94-94, тој тргна да ја слави победата.

Набрзо сепак сфати дека неговиот тим мора да игра продолженија каде што беше поразен со 105:101.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот