Пропалестински протест во Милано/Фото: Claudio Furlan / LaPresse / Profimedia

ВИДЕО | Италија: Генерален штрајк и демонстрации со поддршка на Газа по блокадата на флотилата

Десетици илјади Италијанци излегоа на улиците низ целата земја во петокот, приклучувајќи се на генералниот штрајк свикан од синдикатите во поддршка на флотилата за помош за Газа, која беше пресретната од Израел оваа недела, објави Анса која известува во живо од протестите во поголемите италијански градови.

Во Рим, демонстрантите маршираа од централната Пјаца Виторио кон главната железничка станица, држејќи палестински знамиња и транспаренти со слогани.

Според Ројтерс, штрајкот предизвикал доцнења и откажувања низ целата железничка мрежа на Италија, додека на аеродромите биле пријавени помали прекини. Во Рим и Милано, услугите на метрото продолжиле нормално.

Италијанската влада го критикуваше штрајкот, а премиерката Џорџија Мелони тврдеше дека прекинот на работата „заради Газа“ се користи како изговор за продолжен викенд.

Покрај демонстрациите во Италија, собири на солидарност за хуманитарната мисија се евидентираат низ цела Европа и пошироко.

Пропалестинските демонстрации продолжуваат во сабота, а се очекува масовниот митинг во Рим да го заокружи циклусот од денови на мобилизација, кои понекогаш беа обележани со инциденти и судири со полицијата.

Во четврток вечерта, десетици илјади луѓе одржаа мирен марш од Колосеумот, додека во Торино имаше вандализам во конференциски центар, а во Милано непознати лица со црвена боја испишаа графити на статуа пред катедралата Дуомо.

ВИДЕО | Италијанските синдикати солидарно на протест за поддршка на Палестина и флотилата Сумуд

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот