Фото EPA-EFE/Miguel Calero

ВИДЕО: Истокот на Русија го погоди земјотрес, ден претходно големи вулкански ерупции

Силен земјотрес од 6.5 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка сместен на крајниот исток на Русија

На социјалните мрежи се појавија повеќе видео снимки од моментот на земјотресот.

Инаку Камчатка е дом и на Вулканите Камчатка, кои се прогласени за светско наследство од Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура.

Вчера само еден ден пред земјотресот имаше ерупција на еден од вулканите на овој полустров.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар денеска и кај индонезискиот остров Суматра регистрираше силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на 67 километри од градот Падангсидемпан, на длабочина од 91 километар.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот