Леонардо Змајшек/фото: Слободен печат

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Змајшек: Летаргичен е процесот на имплементација на „Белата книга“ за средношколците

Белата книга е концепција наменета за средното образование, со срочени вештини кои треба да ги подготват средношколците по завршувањето на образованието да бидат активни граѓани во едно демократско општество.

МОН објави резултати од конкурс за стипендии за средношколци запишани во дуалните паралелки

Автор на книгата е Леонардо Змајшек, студент на универзитетот ЕСАДЕ во Барселона. Змајшек книгата ја напишал, оваа година, како средношколец во скопската гимназија „Орце Николов“. Од минатата учебна година преку Сојузот на средношоолци учениците се обидуваат „Белата книга“ да ја доближат до надлежните и бараат што поскоро примена во образовниот процес. Опфаќа финансиско и граѓанско образование, дебата и говорништво и медиумска писменост.

Средношколските денови се совршениот период овие вештини да бидат усвоени, бидејќи тогаш е прагот на транзиција од деца кон активни учесници во оптштеството, особено сметајќи го тоа дека од тогаш го стекнуваме и правото на глас, вели Леонардо Змајшек во интервју за „Слободен печат“ во Слободна ТВ.

– Се чувствувам добро што оваа наша заложба продолжува да се турка и покрај тоа што јас повеќе не сум средношколец. Но од друга страна имам и сомнеж, бидејќи забележувам некоја блага забавеност и летаргија во процесот, вели Змајшек.

Досега „Белата книга“ била претставена пред минстерот за образование Јетон Шеќири и гувернеркета Анита Ангеловска-Бежоска.

Филип Најдовски/ фото: Слободен печат

Филип Најдовски, лице одговорно за односи со јавноста на Сојузот на среношколци, вели дека имаат голема поддршка од надлежните, очекуваат веќе идната година книгата да се примени во образованието .

– По средбите со надлежните, увидовме дека има два начини за раелизација на нашите цели. Првиот вклучува воведување на целосно нов премет кој ќе ги вклучува сите содржини од „Белата книга. Вториот начин би бил реформи на веќе постоечки предмети. Наша цел е што е можно поскоро да почне да се применува книгата во образованието, но околку самата имплементација се чека на институциите, искрено се надеваме на следната учебна година, вели Најдовски.

Змајшек, вели дека е отворен за соработка и за надополнување и подобрување на „Белата книга“ сê со цел модернизирање на македонското образование.

Целиот разговор со Леонардо Змајшек погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот