Весна Томовска - директорка на трудов инспекторат / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Весна Томовска, директор на Трудов инспекторат: Казните за прекувремена работа се од 200 до 1.000 евра

Томовска објасни дека праксата покажала оти подобар резултат од репресивната казнена политика дава превентивата и дека интенцијата на казнувањето не е да донесе некоја фирма во стечај

Работниците сега многу повеќе се осмелуваат да пријавуваат кршења на работничките права, а инспекторите прават контроли и во попладневните часови. Но за да имаме целосно покриеност на терен, неопходно е покрај сегашните 120 инспектори, да има уште 50-тина, изјави во разговорот за “Утрински печат“, директорката на Државниот инспекторат за труд Весна Томовска. Таа вели дека е погрешно толкувањето во јавноста дека е зголемен периодот на прекувремената работа со законските измени што станаа актуелни со автопатите што ги гради „Бехтел и Енка“ и дека само е дадена можност за поголема прекувремана работа од тоа што е наведено, затоа што постојат специфични работи во градежништвото кои го бараат тоа.

Томовска објасни и дека сега се контролира прекувремената работа и ја објасни постапката ако работникот не ги добие парите за сработеното.

– Ако нема исплата на додаток за плата кој е дефиниран во Колективниот договр и кој изнесува 35 проценти за секој час поминат на работа подолго од полното работно време, ние донесуваме инспекциска мерка опомена, доколку не постапи работодавачот по изречената мерка, донесувме наредба и доколку не постапи и по наредбата, тогаш изрекуваме глоби. Глобите се движат од 200 до 1.000 евра. Инспекторатот даде предлог за сѐ она што е поврзано со парично побарување од работен однос, да се избегне инспекциската мерка решение-опомена, затоа што имаме одолговлекување на постапката и се пролонгира рокот во кој работниците си го остврауват своето право. Во Предлог – Зконот за раотни односи за побарувањата од работен однос директно одиме со инспекциската мерка – наредба – објасни Томовска.

На новинарско прашање дали глобата до 1.000 евра е премала, Томовска објасни дека праксата покажала оти подобар резултат од репресивната казнена политика дава превентивата и дека интенцијата на казнувањето не е да донесе некоја фирма во стечај.

– Пред донсеувањето на Законот за инспекциски надзор во 2019 година имавме високи казни и репресивна политика. Меѓута, анализата на инспекцискиот систем покажа дека високите кзни не ги дада поскауваните резултати и покрај тоа што Испекторатот казнуваше и постојано беше присутен на терен. Дел од рботодавачите ги испраќаа фирмите во стечај, а тоа не е интенција на кзанената политика. Интенција на законодавецот е работодавачите да се усогласат со законската регултатива. Гледаме дека во делот на превенцијата имаме подобри резултатати отколку во делот на репресивната политика. Многу работодвачи сега имат поголема усогласеност со законската регулатива, отколку кога казните беа високи- децидна е Томовска.

Томовска зборуваше и за контролите за работа во недела, како и за новиот закон за работни однос кој веќе петта година е во најава.

Целото ВИДЕО-ИНТЕРВЈУ погледајте го во продолжение:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот