Слободен печат / Отец Зоран Стаменковиќ / Фото - Методи Здравев

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Протојереј Зоран Стаменковиќ: На Бадник почнува празнувањето на мирот и љубовта

Божиќните празници се едни од најрадосните за православните христијани кои го слават и одбележуваат Христовото раѓање. Почнувајќи со малите коледарчиња кои уште рано утрината на 5 јануари тропаат на вратите на домаќинките пеејќи бадникарски песни, па со сечење и внесување на бадниково гранче во домот, па сѐ до бадниковата вечера каде се собираат најблиските, верниците го одбележуваат Бадник. За обичаите и начинот на кој се празнува овој ден зборувавме со протојереј Зоран Стаменковиќ, кој вели дека обичаите се добри и треба да се чуваат, но во ниеден случај не треба да ги сметаме како суштина на Христовото раѓање.

– Обичаите се корисни имаат убавина и душа тогаш кога со нив ја доловуваме симболиката на празникот и пораката, која ја носи со себе. На Бадник посебно место во венецот на божиќните обичаи, му припаѓа на бадниковото дрво, со чие сечење и свечено внесување во домот почнува празнувањето на овој голем празник на мирот и љубовта. Ова младо дабово дрво е слика на самиот Христос и го симболизира Неговото влегување во овој свет, во нашите домови, во нашите срца – вели отец Зоран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот