Сашо Пецалевски/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Пецалевски: Приватизирањето на Македонска Пошта не е решение за компанија да биде конкуретна

-Мисијата на Македонска пошта е квалитетно и ефикасно да ги задоволи потребите на корисниците со постојните и нови поштенски, поштенско-финансиски и други услуги, по фер и разумни цени за сите корисници, водејќи притоа сметка за стабилноста на компанијата и мотивираноста на своите вработени. Ова го истакна Сашо Пецалевски, директор за правни работи, човечки ресурси и корпоративни функции во АД Пошта на Северна Македонија – Скопје во денешното издание на „Утрински печат“ на Слободна ТВ.

Кога станува збор за современо работење, за давање квалитена услуги и професионален однос. Во поштенскиот сообраќај неминовно е задоволувањето на конкретни стандарди во селекцијата на кадрите и утврдувањето на неговиот капацитет.

-Пецалевски истакна дека АД Пошта на Северна Македонија е давател на универзалната поштенска услуга што подразбира обезбедување поштенски услуги на територијата со утврден квалитет и пристапна цена на услугата. на државата. Услугата се врши според закон за поштенски услуги и граѓаните имаат сигурност што им ја гарантира државата по цена утврдена од регулаторот и во секојаа дестинација да биде испорачанат пратката. Како фактори што влијаат врз извршување на поштенската услуга се ограничување на движењето во пандемијата, временските услови и непогоди и Пошта прави напори да ја изврши задачата како што е предвидено.

Пошта има околу 2000 вработени лица и од нив се очекува да ги извршуваат работните радачи на професионален начин во интерес на граѓаните.

-Пошта е свесна дека при извршувањето на задачите може да се јави субјективен фактор и да не бидат задачите извршени како што треба, од една страна и граѓанинот има можност да се обрати во Пошта и да добие сатисфакција и компензација без да поведува судска постапка, од друга страна, смета Пецалевски. Не треба да се врши генерализација и таквиот поединечен случај да биде севкупна оцена за сите вработени или компанијата во целина.

Едно од прашањата што често се поставува кога станува збор за Пошта е нејзиното приватизирање со цел да биде профитабилна компанија. На ова прашање Пецалевски има јасен одговор.

-Мојот одговор кога станува збор за приватизација е негативен. Приватизирањето не е решние што треба да придонесе за компанијата да биде профитабилна и конкурентска. Постојат три причини за таквиот одговор. Прво, тоа е гаранцијата на државата врз компанијата што ја дава универзалната поштенска услуга дека таа ќе биде реализирана со пристапна цена и утврден квалитет. Вториот момент е тоа што националниот оператор за поштенски услуги е белег на државата пред светот. Во другите држави националните оператори се под заштита на државата и преку нив државата се промовира. Третиот момент е веќе познат, а тоа е дека независно кој ќе биде сопственик, како домашен или странски купувач, мора да работи со постојниот кадар. Многу е тешко да биде извршена замена на постојниот кадар, да бидат обезбедени нови вработени и да се очекува да испорачаат квалитетна услуга. Нашата голема можност како компанија ја гледаме во развојот на Е- трговијата во наредниот период за што клучно прашање на кое ќе работиме е селекцијата и регрутацијата на квалитетен кадар.

Целото интервју со Сашо Пецалевски, погледнете го тука:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!