
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Методи Хаџи – Јанев: Воените НАТО вежби на Балканот е испраќање на јасна порака кон Русија
Целта на овие поврзани вежбовни активности на НАТО армиите кои се највауваат за оваа пролет на Балканот е операционализација на политиката која пак е дел на оперативниот дизајн кои што НАТО го има развиено во процесот на планирање. Тој е дека пред да се извршат одредени борбени фази неопходно е да се прават вакви увежбувања за евентуален конфликт. Сега сме во фаза на одвраќање и ќе преставува праќање на јасен сигнал кон Русија дека овдека постојат сериозни сили односно коалиција која би реагирала доколку Москва би тргнала во напад. Ова меѓудругото го истакна универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев при гостувањето во емисијата „Утрински печат“ осврнувајќи се на прашање околу најавите за одржување на големите воени вежби на НАТО со земјите членки и партнери на Алијансата оваа пролет во земјите на Балканот.
Препорачано
– Армиите на државите од Балканот заедно со САД но и останатите членки на НАТО оваа пролет ќе имаат за цел да се обидат да го согледаат теренот, потенцијалните правци на дејствување но и воочување на потенцијалните слабости, односно сојузниците ќе се обидат да идентификуваат лекции преку кои што ќе ја зајакнат својата интерабилност и заедничкото дејство – истакна Хаџи Јанев, додавајќи дека уште сега македонски војници рамо до рамо со сојузниците од земјите членки на НАТО од опкружувањето се вклучени во зајакнување на источното крило на Алијансата кое се граничи со Русија.
Професор на Воената академија во Скопје анализираше и околу изборните резултати во Турција и дали со новиот претседател кој и да биде избран би имало некакво поместување на политиките на Анкара во однос на Македонија но и глобално во светот.
– Генерално не се очекува да има некакви промени во надворешните политики на Турција кон Македонија но и надвор по завршувањето на вториот круг на претседателските избори и победата на еден од двајцата кандидати. Можеби би имало некакво доближување на турските политики до Западот доколку победи опозицискиот кандидат Киличдароглу иако прво треба да почекаме да видиме дали воопшто е возможно тој да победи. Што се однесува до Ердоган видовме дека и на овие избори тој со неговата партија се покажаа како доста жилави и вешти играчи каде заедно со неговата харизма, Ердоган успеа да освои толкав број на гласови. Сепак, мораме да истакнеме дека Ердоган за време на неговото долгогодишно владеење во земјата успеа да воспостави сериозен апарат кој е успешна машинерија во однос на инжинеринг на гласањето. Сето тоа наведува дека тој е во блага предност во пресрет на вториот круг од изборите, но да почекаме да го видиме исходот од нив за кои нестрпливо чека и остатокот од светот – вели Хаџи Јанев.
Универзитетскиот професор говореше и за новата етапа на воздушни напади на Русија врз воени цели во Украина, за тоа како најсофестицираниот „ПВО“ систем од американско потекло Патриот стана лесна мета за руските ракети Кинџал но и за случувањата во соседна Србија и протестите на граѓаните таму.
Повеќе од разговорот со професорот на Воената академија во Скопје Хаџи Јанев погледнете во видеото во продолжение…