Пица Мато Наполитано / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ: „Мато Наполетано“ повторно меѓу топ 50 пицерии во Европа

Зоран Васиљевиќ и Дане Кузмановски се горди сопственици и креатори на една од најдобрите пицерии во Македонија, несомнено и во Европа. Со посветеност кон квалитет што ќе ве остави без зборови.

Оваа софистицирана нео-траторија сместена во срцето на Скопје нуди извонредна услуга, прецизно мени, вклучувајќи пица, паста мезе, салати, десерти и пијалаци.

Фото: Слободен печат – Драган Митрески
Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

„Мато Наполетано“ во 2022 година беа рангирани меѓу првите 50 топ пицерии во Европа, а минатата година завршија на 25. место.

Оваа година во Мадрид се одржа годишната церемонија каде што беа повторно рангирани меѓу 50 топ пицерии во Европа, но овој пат на 16. место, како и за најдобра услуга за пиво за 2024 од Peroni Nastro Azzurro.

„Уживајте во автентичната италијанска кујна од појадок до вечера, вклучувајќи аперитиви, ручек и закуски, сето тоа во прекрасен амбиент. Ова е суштината на ‘Мато Наполетано’, ресторан и пицерија што, нешто повеќе од две години од отворањето, се етаблира како главно место за уживање во италијанските кулинарски традиции.

Пицата се одликува со современ неаполски стил: мека, со изразена кора и прелиена со најдобрите состојки, вклучувајќи пршута, салама, млечни производи и сирења, кои се меѓу омилените“, пишува „50 Top Pizza Europe“.

Проследете го интервјуто на „Мато Наполетано“ на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот