Бојан Кордалов - комуниколог / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Кордалов: Во случај на трагедија јавни личности и граѓани многу лесно „истураат“ мислења на интернет

Ширењето на говор на омраза преку социјалните мрежи е една болна тема со која се бори нашето општество. Во случај на трагедија, се чини, како да се вжештуваат тастаурите и пламнуваат профилите на сите социјални мрежи. Двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски инспирираше голем број корисници на интернет да напишат лоши коментари, погрдни зборови, пцости, недолични зборови. Во големата трагедија која и се случи на Македонија во виртуелниот свет исплива и злото на површина.

Комуникологот, Бојан Кордалов во емисијата „Слободен печат“ на Слободна ТВ вели дека, секој од нас на социјалните мрежи го истура тоа што го носи во себе.

– Социјалните мрежи не креираат друго општество, туку се рефлексија на општсвото во кое што живееме и оттука можеме да видиме и добри и лоши работи. Социјалните медиуми, овој пат, ни покажаа дека можат да бидат и позитивна алатка, за сплотување, што одамна не сме го виделе, во делот за потрагата кога не беше познат исходот за изгубеното девојче. За жал, ваквите ситуации вадат на површина и негативни коментари и осуда. Мора да престанеме да морализираме, прво како нација, а потоа и индивидуално, прво да почнеме да си гледаме во споствениот двор, вели Кордалов.

Тој вели дека сакајќи да дадеме придонес во таа ситуација, одиме во сензационализам. Според Кордалов при вакви сензитивни теми подобро е да се воздржиме од коментар и да оставиме на институциите да ја водат истрагата.

– Ова е пред се семејна, па потоа национална трагедија. Треба да се има почит кон семејствата. Ние плаќаме институции да работат во наше име, но природно е тоа што секој се труди со својот вредносен систем да се вклопи во ситуацијата. Проблемот е во тоа што сакајќи да дадеме придонес, ние одиме во сензационализам. Мојот пристап е во оваа ситуација е да се воздржам од она што сакам да го кажам бидејќи не сум стручен, рече Кордалов.

За да се подобри нивото на виртуелната комуникација потребно е пред се државата и општините да се дигитализираат. Речиси 90 % од населението во нашата држава користи интернет.

 

Целото интервју со комуникологот Бојан Кордалов погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот