Поплави во Индија/Фото: EPA-EFE/ANUWAR ALI HAZARIKA

ВИДЕО | Индија: Најмалку 34 жртви во поплавите во североисточниот дел од земјата

Најмалку 34 лица загинаа во лизгање на земјиштето предизвикано од обилните поплави во североисточна Индија во текот на изминатите четири дена, соопштија денеска властите, а метеоролошката служба предвидува нови дождови.

Повеќе од илјада туристи заглавени во хималајската држава Сиким беа евакуирани денес, се вели во соопштението на владата и се додава дека спасувачките екипи на армијата се распоредени во државата Мегалаја за да спасат повеќе од 500 луѓе заглавени во поплавените подрачја.

Во соседен Бангладеш, најмалку четири члена на едно семејство загинаа во лизгање на земјиштето во регионот Силхет, во североисточниот дел од земјата, додека стотици засолништа беа отворени во планинските региони Рангамати, Бандарбан и Каграчари вчера, во неделата.

Властите предупредија на понатамошни свлечишта и поплави, апелирајќи до жителите во ранливите подрачја да останат внимателни.

Североисточниот дел на Индија и Бангладеш се подложни на обилни дождови што предизвикуваат смртоносни свлечишта и поплави, погодувајќи милиони луѓе секоја година.

Улиците и куќите во градот Силчар во индиската држава Асам беа поплавени, според визуелниот материјал од новинската агенција АНИ, додека улиците беа исполнети со паднати дрвја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот