Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Индија изгради огромен деловен комплекс, поголем од Пентагон

Сурат дајмонд бурс (Surat Diamond Bourse) во Гуџарат, Индија е гигантски деловен комплекс составен од девет правоаголни згради поврзани со централен коридор.

Педесет години Пентагон ја држеше титулата најголема деловна зграда во светот. Тој беше симнат од тронот од зградата наречена Сурат дајмонд бурс, огромен центар за обработка и трговија со дијаманти, кој ги надминува 6.673.624 квадратни стапки на Пентагон за речиси 55.000 квадратни стапки (околу 40.000 квадратни метри) – пишува Курир.рс. Овој обемен комплекс од 15 ката зафаќа повеќе од 35 хектари земјиште на периферијата на Сурат во индиската држава Гуџарат.

Во зградата се сместени повеќе од 4.700 деловни простории за работилници, 131 голем лифт овозможуваат лесно движење меѓу деветте згради. Интересно, целта на проектот не беше да се изгради најголемата деловна зграда во светот, туку индиската архитектонска фирма Морфогенесис (Morfogenesis) едноставно се обиде да одговори на огромната побарувачка за простор.

– Решивме да создадеме нешто различно – рече Сонали Растоги, коосновач на фирмата Морфогенезис, додавајќи дека нивниот план за зградата е „заснован повеќе на еколошки и одржлив дизајн отколку на одреден архитектонски јазик“. Комплексот треба да стане најголемиот и најнапреден центар за меѓународна трговија со дијаманти и накит во светот.

Околу 90% од светските дијаманти се сечат во Сурат, па собирањето занаетчии и трговци под еден покрив беше главната цел. Избран е дизајн кој донекаде потсетува на аеродромски терминал – девет правоаголни згради поврзани со долг централен коридор.

Новата најголема деловна зграда во светот чинеше 32 милијарди рупии (388 милиони долари), секако значителна сума, но исплатлива инвестиција за сместување на раздвижениот бизнис со дијаманти на Сурат под еден покрив. И покрај неговата огромна големина, движењето меѓу неговите 15-катни кули е многу лесно – на просечниот човек му требаат само шест минути да стигне до врвот на која било од деветте правоаголни кули преку 131 паметно управувани лифтови.

Огромниот комплекс може да прими повеќе од 65.000 луѓе, како и 4.500 автомобили и 10.000 мотоцикли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот