Погреб на Мигел Урибе во Колумбија/Фото: EPA/CARLOS ORTEGA

ВИДЕО | Илјадници Колумбијци му оддадоа последна почит на убиениот сенатор Урибе

Илјадници Колумбијци вчера му оддадоа последна почит на сенаторот и претседателски кандидат Мигел Урибе, кој почина еден ден претходно од повредите здобиени во нападот на тинејџер во јуни, објави АФП.

Долги редици се формираа околу парламентот во главниот град, додека илјадници луѓе чекаа на ред да се приближат до ковчегот, обвиткан со колумбиското знаме.

„Во нашата земја, за жал, имаме голем проблем“, преовладувачкото мислење е дека „ако некој размислува поинаку, решението е да биде убиен“, рече Хозе Корвита, графички дизајнер кој чека во редот. „Ова не може да продолжи“, додаде тој.

Ужалената сопругата на Мигел Урибе, Марија Клаудија Таразона, пристигна со својот најмлад син во раце, во придружба на двете ќерки од претходен брак.

Сопругата на убиениот сенатор Мигел Урибе/Фото: EPA/Carlos Ortega

За време на воена церемонија, на друго место во Богота, претседателот Густаво Петро нареди минута молчење.

Во својот говор потоа, тој рече дека „меѓународен тим експерти“ ќе помогне во „утврдувањето на причините“ за убиството.

Шестмина осомничени во случајот, вклучувајќи го и 15-годишникот кој го застрела сенаторот, остануваат во притвор.

Колумбиските разузнавачки служби веруваат дека зад убиството стои бунтовничка фракција, дисиденти на поранешниот ФАРК, Сегунда Маркеталија („Втора Маркеталија“, името се однесува на историска битка).

Застрелан кандидатот за претседател на Колумбија Мигел Урибе, во него пукало 15-годишно момче

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот