ВИДЕО I Земунецот кој во Бугарија беше приведен со фалсификуван македонски пасош им избега на властите додека чекаше екстрадиција во САД

Србинот Жарко Момчиловиќ, кој се смета дека е член на земунски клан, им избегал на бугарските полициски власти додека бил во домашен притвор во Бугарија, јавија софиски медиуми. Тој беше приведен во Бугарија во јануари на барање на САД – осомничен е дека бил учесник во меѓународна трговија со дрога.

Момчиловиќ беше ослободен од притвор на 2 април во Софискиот градски суд и пренсесен во „домашен притвор” во очекување на постапка за екстрадиција во САД. Бугарската полиција веќе пообјави потерница по него.

Момчиловиќ се бара за случај во Окружниот суд во Њујорк под обвинение за увоз на хероин во САД.

Според Нова ТВ, тој не живеел на адресата во главниот град каде што требало да биде, но неговиот адвокат негира дека е тоа така.

Мерката „домашен притвор” ја контролира бугарската полиција.

Станот каде требало да престојувал Србинот бил во сопственост на неговата адвокатка.

Срцево заболување е еден од мотивите судот да го ослободи во домашен притвор.

Според извори на Нова ТВ, Србинот веќе побегнал од Бугарија со помош на негови блиски соработници. Момчиловиќ беше обвинет и за поседување дрога во Бугарија во 2007 година.

Во тоа време Жарко Момчиловиќ  и Јовица Лукиќ беа ранети во престрелката во софиската населба Бели Брези, а кај нив к беа пронајдени фалсификувани македонски пасоши.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот