
ВИДЕО I Харадинај: Мобилизацијата на војската на Вучиќ и заканите кон Косово не помагаат во регионалната стабилност
Поранешниот шеф на парламентарната група на Сојузот за иднината на Косово (ААК), исто така кандидат за пратеник, Даут Харадинај реагираше по изјавата на претседател Александар Вучиќ.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Харадинај рече дека говорот на омраза на Вучиќ и заканите кон Косово воопшто не помагаат во регионалната стабилност.
„Зголемувањето на воените капацитети и подигнувањето на борбената готовност, под изговор дека се чувствува загрозено од ситуацијата во Косово, е опасен јазик, од кој страдаше целиот регион, додека на Србија и донесе загуба на војници и изолација“ напиша Харадинај на Фејсбук.
Тој исто така истакна дека и Косово има модерна одбранбена сила со која учествува во мировни мисии, со цел земјата што побрзо влез во НАТО.
„Посакувам Србија да се приклучи на западниот сојуз што е можно поскоро, сметајќи на мир, стабилност, соработка и добрососедство со сите соседи. Ние сме повеќе од решени на патот кон запад. Косово е независна држава и нема враќање назад“, заклучи Харадинај.
Вучиќ по состанокот со претставниците на Министерството за одбрана на прес-конференција изјави дека една од темите на разговор била можноста за враќање на задолжителниот воен рок, а биле разгледани и сите можности за загрозување на безбедноста на Србија.
„Знаете какви проблеми имаме во Косово и Метохија, имаме и други регионални проблеми, заедно со проблеми и од друг вид, кои имаат врска со геополитичките спорови на големите сили и каде често сме земја околу која се судираат нивните интереси“, нагласи тој.
„Во овој поглед, Србија мора да се грижи за себе“, рече Вучиќ, одговарајќи на прашања на новинарите.
Тој најави дека оваа година посебно внимание ќе се посвети на формата на електронско војување, така што покрај беспилотните летала, ќе работат на набавка на современи радарски системи.
„Ние сакаме да ги задржиме припадниците на армијата и со зголемување на нивните приходи“, нагласи Вучич.
„На состанокот ги анализиравме сите можни закани по безбедноста на Србија и разговаравме за сите права и тактички геостратешки и воени дејствија во случај на агресија против нашата земја и за тоа колку сили можат да бидат подготвени во рок од 24 часа, а тоа се“ резерви на воени опрема, храна и други работи“, рече српскиот претседател.