Камен темелник на Лидл - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Камен темелник на Лидл - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ВИДЕО И ГАЛЕРИЈА| Поставен камен-темелник на „Лидл“ во скопски Аеродром

Менаџментот на „Лидл“ ја прифати нашата забелешка за зголемување на застапеноста на македонските производи на полиците на „Лидл“, што е од исклучителна важност затоа што со тоа се поддржува локалната економија, рече премиерот Христијан Мицкоски

Во Реонскиот центар во општината Аеродром денеска е поставен камен-темелникот на нов малопродажен објект на германската компанија „Лидл“. Новиот објект ќе се протега на површина од 3.438 квадратни метри, со модерен продажен салон од 1.200 квадратни метри и 57 паркинг-места за посетителите.

За премиерот Христијан Мицкоски ова не се само бројки туку порака дека компанијата влегува сериозно на македонскиот пазар со визија за долгорочен раст и развој.
– Менаџментот на „Лидл“ ја прифати нашата забелешка за зголемување на застапеноста на македонските производи на полиците на „Лидл“, што е од исклучителна важност затоа што со тоа се поддржува локалната економија и се гради доверба кај потрошувачите дека македонското е најдобро. Македонски производи не само што ќе се наоѓаат на полиците на „Лидл“ во Македонија, туку веќе се на полиците на „Лидл“ во околните земји. Во 2024 година извозот беше 5 милиони евра, а годинава очекуваме да достигне 10 милиони евра и да продолжи да расте – рече Мицкоски.

Камен темелник на Лидл - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Камен темелник на Лидл – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Компанијата „Лидл“ интензивно го гради и првиот продажен објект во Скопје, кој се наоѓа на просторот каде што порано се наоѓаше „Бриколаж“ во општината Гази Баба.
Извршниот претставник на „Лидл“ Милена Драгиска-Денчева истакна дека очекува за неколку месеци да се отворат вратите за граѓаните на општината Аеродром и за граѓаните на Македонија.

Камен темелник на Лидл - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Камен темелник на Лидл – Фото Слободен печат – Методи Здравев

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!