ВИДЕО I Андоновиќ: Бајден ја нападна Кина, Пентагон ја обвини Русија, а Трамп се пресмета со републиканците

САД започна со жестока реторика против своите геостратешки опоненти и светски суперсили Русија и Кина, Пентагон, во духот на примена на двојни аршини, ја критикуваше Русија дека претставува сериозна закана за сите држави членки на НАТО вклучувајќи ја и безбедноста на САД. Главните гревови на Кремљ, според Пентагон, е агресивната политика на Москва што ја користи својата воена моќ за остварување на своите интереси. Русија, се додава во обвинувањето од Пентагон, го користи својот авторитативен пристап со што ја нарушува стабилноста и безбедноста на светскиот мир.

Од друга страна, САД се обидуваат да ги промовираат сопствените интереси и да ја принудат Москва на одговорност за своите, како што се наведува, неразумни и агресивни политики. На овие обвинувања неодамна се приклучи и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг според кој НАТО е подготвен на соработка, но и на конфронтации со Москва. Столтенберг смета дека Алијансата мора да одржува некакви односи со Русија за да се спречи нова трка во вооружувањето. Москва ги отфрли овие обвинувања, возвраќајќи дека Алијансата и САД се тие кои користат воена сила и ги контролираат државите во светот преку санкции, закани и политички провокации.

Во исто време, американскиот претседател Џозеф Бајден остро ја нападна Кина. Бајден му се закани на Пекинг дека ќе се соочи со сериозни последици поради својата политика. За разлика од својот претходник Трамп, Бајден ја критикува Кина поради степенот на човековите права. Во телефонскиот разговор со својот кинески колега Си Џипинг, Бајден му порачал дека Кина никогаш нема да биде светски лидер, доколку продолжи да ги крши човековите порава, алудирајќи на муслиманските Ујгури кои живеат во провинцијата Сиџијанг.

Се смета дека оваа изјава на Бајден претставува продолжување на политиката на конфронтирање на САД кон Кина, која четири години претходно ја водеше Трамп. Трамп кон Кина имаше сериозни забелешки, најмногу поради од економската сфера. Сега Бајден со иста сила против Кина, како најголема забелешка го потенцира кршењето на човековите права.

И додека актуелната американска светска политика се занимава со своите геостратешки опоненти Русија и Кина, поранешниот претседател Доналд Трамп започна сериозни напади против своите довчерашни колеги од републиканската партија. На удар на Трамп се најде лидерот на републиканското малцинство во Сенатот, Мич Меконел за кого Трамп смета дека е негативен и срамотен политичар, кој доколку остане на чело на Републиканската партија, таа никогаш нема да се врати на власт.

Трамп не може да му прости на Меконел што за време на кампањата и веднаш по изборите веднаш ја призна победата на Бајден. Но, и дека за време на сенатската расправа за импичмент, Меконел, кој иако не гласаше за негово разрешување, сепак, го обвини Трамп дека е одговорен за насилниот упад во американскиот конгрес на 6 јануари годинава. Нападите од лична природа, Трамп ги аргументираше со фактот дека тој е единствен американски претседател, кој за време на трката за освојување на вториот мандат освоил рекордни 75 милиони гласачи што претставувала негова поддршка за Мекконел да биде избрана во Сенатот.

Трамп и Меконел се обидуваат да ја однесат републикансата партија во спротивни насоки: Меконел кон корените на Републиканската партија, додека пак Трамп кон популизмот Со нападот врз Меконел, Трамп практично ја потврди намерата дека планира да се кандидира на следните претседателски избори за четири години, но и откри дека нема да прави нова, туку номинацијата за кандидатура ќе ја бара повторно од републиканците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот