Фото: ФФМ

ВИДЕО | Хрватска и во комбиниран состав пресилна за Македонија

Maкедонската фудбалска репрезентација претрпе пораз од 3:0 против селекцијата на Хрватска.

Хрватска денеска ја оправда фаворитската улога и на свој терен не дозволи изненадувања. Македонија скоро и да немаше некоја посериозна прилика за гол, се што имавме беа некои полушанси, па така останавме без гол.

Резултатот беше отворен по десет минути игра кога Ловро Мајер од слободен удар ја погоди мрежата на Столе Димитриевски. Пред крајот на првото полувреме истиот играч и по вторпат се запиша во листата на стрелци.

 

Не се промени ситуацијата на теренот многу и во вториот дел. Изгледаше дека Хрватите во секој момент имаат контрола над натпреварот и македонските фудбалери беа далеку од противничкиот гол.

Точка на натпреварот беше ставен во 79. минута кога Пашалиќ по асистенцијата на Будимир ја затресе мрежата.

За седум дена Македонија ја очекува уште еден пријателски натпревар исто така на гостински терен против репрезентацијата на Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот