
ВИДЕО | Хитроу „парализиран“ по пожарот, летовите откажани и пренасочени, отворена истрага
Пожарот на трафостаница во електричната мрежа, кој предизвика прекин на работата на меѓународниот аеродром Хитроу во Лондон, е ставен под контрола, соопшти пожарникарската служба на британската престолнина.
Препорачано
„Успешно го ставивме пожарот под контрола и спречивме негово понатамошно ширење “, рече портпаролот на противпожарната служба Пат Гоулбурн во соопштението. „Ќе останеме присутни на местото на настанот во текот на денот за да му помогнеме на Националната мрежа“, додаде тој.
„Нашите иследници за пожари ќе ја започнат својата истрага и ќе продолжиме тесно да соработуваме со нашите партнери за да го минимизираме нарушувањето и да ја поддржиме заедницата“, забележа и лондонската противпожарна бригада во објавата на социјалните мрежи Икс.
? BREAKING: Heathrow Airport says it will be closed all day due to significant power outage caused by a fire at a nearby electrical substation
“We expect significant disruption over the coming days and passengers should not travel to the airport under any circumstances” pic.twitter.com/jeqEqb8BX6
— Politics UK (@PolitlcsUK) March 21, 2025
Нема индикации дека огромниот пожар во трафостаницата Хејс што го снабдува Хитроу се должи на криминално дело, изјави истовремено британскиот секретар за енергетика Ед Милибанд.
Heathrow Airport and the surrounding area has been hit by a power outage because of a fire at a substation in Hayes. The fire is around 1.5 miles from the airport. pic.twitter.com/KBIRghHtxB
— Sky News (@SkyNews) March 21, 2025
Овој „катастрофален“ пожар, како што го опиша тој, зборувајќи за Скај Њуз, го остави надвор од функција резервниот генератор на трафостаницата.
„Постојат резервни механизми, но со оглед на обемот на пожарот, се чини дека се погодени и тие“, истакна Милибанд.
„Има резервен генератор, но и тоа беше зафатен од пожарот, што дава чувство за тоа колку беше необичен и без преседан“, додаде тој.
Националната мрежа работи на враќање на струјата користејќи друг резервен систем, рече Милибанд, додавајќи дека владата ќе се обиде да ги разјасни причините за пожарот и да извлече лекции за иднината на британската енергетска инфраструктура.
Лондонскиот аеродром Хитроу, најголемиот во Европа, денеска цел ден е принуден да ја прекине работата поради прекин на електричната енергија предизвикан од пожар на трафостаницата на електричната мрежа во Хејс, западното предградие на британската престолнина, што гарантира снабдување со електрична енергија на аеродромот, што предизвикува проблеми во воздушниот сообраќај ширум светот.
Гетвик почна да прифаќа пренасочени летови
Лондонскиот аеродром Гетвик, вториот по големина во Британија, почна да прифаќа некои летови кои првично требаше да слетаат на аеродромот Хитроу.
„Ние ја нудиме нашата поддршка со прифаќање, кога е потребно, пренасочени летови“, рече портпаролот на аеродромот Гетвик.
BREAKING: Heathrow Airport closed until midnight tonight due to a major power outage.
Click here to follow live updates ➡️ https://t.co/pstLpuhAQS
? Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/vvaD315KH6
— Sky News (@SkyNews) March 21, 2025
Седум летови веќе беа пренасочени во Гетвик непосредно пред 09:00 часот по локално време.
Според Скај Њуз, најмалку 1.300 летови се очекува да бидат погодени од затворениот аеродром. Десетици илјади патници ќе се соочуваат со сериозни проблеми и се обидуваат да постигнат договор со нивните авиокомпании за да стигнат до нивната дестинација, при што некои конечно успеаја, а други се жалат дека се оставени во темнина, без никакви информации.
ВИДЕО | „Хитроу“ затворен, пожар во трафостаница го остави лондонскиот аеродром во мрак