Фото: FK Decic / FB

ВИДЕО | Хит приказна од Црна Гора: Фудбалски клуб од град со 5.000 жители стана државен шампион

По седум години доминација на Будуќност и Сутјетска црногорскиот фудбал доби нов државен шампион и тоа е екипата на Дечиќ.

На едно коло пред крајот на првенството Дечиќ ја обезбеди титулата откако на гостински терен ја поебди Сутјетска со 1:0. Единствениот гол на овој натпревар го постигна фудбалерот Драшко Бозовиќ во 35. минута од натпреварот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fc Decic Admiral Bet (@fkdecic.me)

На табелата во последното коло Дечиќ влегува со 67 бода и веќе е крунисан за шампион, додека за второот место се борат Будуќност и Морнар кои имаат по 61 бод.

Интересно за овој клуб е и што доаѓа од мал град со не повеќе од 5.000 жители (Тузи) кој е на девет километри од Подгорица. Нивниот стадион „Тушко Поле“ има капацитет од 2.000 гледачи, па поради тоа квалификациите за европските натпреварувања ќе мора да ги играат во Подгорица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!