Фото. РК Алкалоид

ВИДЕО | Херојот на Алкалоид: Одбраните на Галевски вредни европско финале

Македонскиот голман Иван Галевски беше херојот на Алкалоид во вчерашниот реванш натпревар во Норвешка против Рунар, откако со маестрални интервенции го одведе Алкалоид до историски пласман во финалето на ЕХФ Европскиот куп.

Галевски блесна во клучните моменти од полуфиналниот реванш и со одбрана во последната секунда од регуларниот и три успешни интервенции при изведување на седмерци, ја запечати победата на скопскиот тим со што донесе експлозија од радост на домашната клупа.

Со овој триумф, Алкaloид ја испиша најубавата страница во својата европска приказна и се избори за своето прво европско финале.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by МакСпорт (@maksport2019)

Утре ќе биде познато каде Алкалоид ќе го одигра првиот натпревар од финалето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот