Фото: Screenshot

ВИДЕО: Харден е подебел од било кога, фановите се шокирани од неговиот изглед

Ветеранот од НБА лигата, Џејмс Харден, повторно е во центарот на вниманието, но овојпат не поради некој потег на теренот. Имено, Харден добива бројни критики од кошаркарските поради снимката која се појави и на која е очигледно дека има вишок килограми.

Харден, кој на 26 август ќе наполни 36 години, одамна не важи за играч со врвна кондиција, но сега изгледа подебел од било кога претходно. Последен пат настапи на 3 мај, кога неговиот тим беше елиминиран од Денвер во седмиот меч од плеј-офот, а со оглед на годините изгледа дека веќе тешко може да се одржи во добра форма кога не е активен на терените.

Ќе потсетиме, неодамна проблем со килограмите имаше и Лука Дончиќ кој сепак успеа да ги намали да се врати во посакуваната форма во подготовките за новата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот