Фото: Screenshot

ВИДЕО | Хаос во ПСЖ: Спортскиот директор се симна да се расправа со фудбалерите

Во драматичен натпревар Пари Сен Жермен славеше победа против Лил со 4:3, одлучувачкиот гол на натпреварот го постигна Меси од слободен удар во судиското продолжение.

Сепак, по победата на „светците“ најмногу се зборува за потегот на директорт Луис Кампос. ПСЖ брзо дојде до водство од 2:0, но во продолжение Лил направи пресврт и водеше со 2:3 се до 87-та минута. Таквата ситуација го налути Кампос кој одлучи од ложата за директорите да се симне доле на теренот.

Камерите го снимија Кампос како бесно се развикува на Галтие и фудбалерите. Ваквиот потег предизвика многу критики во фудбалскиот свет, затоа што еден спортски директор не смее да си дозволи да се вмешува во ситуацијата на теренот додека натпреварот е во тек.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот