Непал протести полициски час фото: EPA /NARENDRA SHRESTHA

ВИДЕО | Хаос во Непал по немирите: Над 50 загинати, повеќе од 13.000 затвореници побегнаа од затворите

Најмалку 51 лице е убиено во Непал оваа недела за време на протестите против забраната на социјалните медиуми во земјата и борбата против корупцијатa, како и за време на немирите што доведоа до пад на владата, изјави денес полициски извор.

„Најмалку 51 лице е убиено оваа недела во немирите, од кои 21 беа демонстранти и тројца полицајци“, изјави портпаролот на полицијата Бинод Јимир за АФП.

„Околу 13.500 затвореници избегаа. Некои беа повторно фатени, 12.533 сè уште се во бегство“, продолжи Јимир.

Немирите, најсмртоносните во Непал откако монархијата беше укината во 2008 година, започнаа во понеделник кога полицијата отвори оган врз млади демонстранти, убивајќи најмалку 19 лица, според полицијата, а повредени се стотици.

Следниот ден, премиерот К.П. Шарма Оли, кој е на власт од 2024 година, нареди враќање на услугите на Фејсбук, Икс и Јутјуб и вети истрага за полициското насилство. Потоа поднесе оставка.

Во текот на целиот ден во вторникот, млади демонстранти ограбија бројни јавни згради, резиденции на политички лидери и други симболи на моќ во главниот град Катманду.

Парламентот беше запален, како и резиденцијата на премиерот во оставка.

Армијата ја презеде контролата врз главниот град во вторникот вечер, каде што беше воведен строг полициски час.

Началникот на Генералштабот на вооружените сили, генерал Ашок Раџ Сингдел, исто така започна разговори, главно со претставници на демонстрантите, за назначување привремена влада.

Поранешната претседателка на Врховниот суд, Сушила Карки (73), е кандидатка за премиер, но нејзиното име не е едногласно прифатено меѓу демонстрантите.

Политичките консултации продолжуваат и денеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот