Фото: Screenshot

ВИДЕО | Хаос во Црна Гора: Навивачи скандираа „Косово е Србија“ и фрлаа стаклени шишиња кон ракометарите

На ракометниот натпревар помеѓу Ловќен и Беране во црногорскиот шампионат дојде до вистински хаос откако навивачи испраќаа погрдни зборови од трибините, а потоа скандираа „Косово е Србија“. Освен тоа тие фрлаа и стаклени шишиња кон ракометарите на теренот.

Медиумите во Црна Гора пренесуваат и дека дел од навивачите влегле на теренот со цел да се пресметаат со гостинските ракометари, па поради тоа средбата привремено и била прекината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот