
ВИДЕО: Хаос на улиците во Триполи, најмалку 12 мртви во големите немири
Најмалку 12 загинаа, а 87 се ранети во судирите вечерва во Триполи, главниот град на Либија, објави тамошното Министерство за здравство, во последниот бран на борба за власт меѓу двете ривалски влади во северноафриканската држава богата со нафта. Шест болници во Триполи беа погодени во судирите, кои ги зголемија стравувањата од нова војна во Либија, која е во хаос по соборувањето и атентатот на лидерот Моамер Гадафи во 2011 година.
Препорачано
Новите борби избувнаа додека тензиите се зголемуваа со месеци меѓу двете влади кои се борат за контрола на северноафриканската земја и нејзините огромни резерви на нафта. Престрелки и експлозии потресоа неколку населби во Триполи во текот на ноќта, а густ чад извира од оштетените згради.
Intense fighting erupted in the Libyan capital of Tripoli overnight with rival factions exchanging heavy gunfire. At least two people have been killed in the fighting, according to medical sources https://t.co/2EMAISAZCw pic.twitter.com/PZUpEpAtm3
— Reuters (@Reuters) August 27, 2022
Двете ривалски групи меѓусебно се обвинија за немирите. На социјалните мрежи кружат видеа од запалени автомобили и згради зафатени со куршуми, како и џамии и болници во пламен. Мисијата на ОН во Либија повика на „итен прекин на непријателствата“ и предупреди на „тековни вооружени судири, вклучително и недискриминирачко средно и тешко гранатирање на населби населени со цивили“ со оштетени болници.
Владата на национално единство (ГНУ) на Абдулхамид Дбеибах соопшти дека судирите избувнале по прекин на разговорите за избегнување крвопролевање во западниот град. Владата на Дбеиба, поставена како дел од мировниот процес предводен од Обединетите нации по претходната рунда насилства, се соочи со отпор од ривалската влада предводена од поранешниот министер за внатрешни работи Фати Башага.
Башага, кој е поддржан од либискиот парламент и воен моќник на истокот Калифа Хафтар, тврди дека мандатот на ГНУ е истечен. Но, тој не успеа да ја преземе функцијата во Триполи бидејќи Дбеиба инсистираше на пренесување на власта само на избрана влада.