Уништена зграда во Бородјанка/фото: Твитер

ВИДЕО: Градот Бородјанка близу Киев целосно уништен, срамнет како Грозни во 1995

Градот Бородјанка, близу Киев, речиси целосно е уништен, изјави вечерва регионалниот гувернер Олексиј Кулеба.

 

– Таму нема вода ни струја… Нема Бородјанка. Речиси е целосно уништен. Центарот на градот е едноставно ужасен. Бородјанка е под влијание на руските војници; тие ја контролираат оваа населба, рече Кулеба.

Кулеба претходно денеска на својот профил на Телеграм тврдеше дека руските војници  ја зазеле тамошната психијатриска болница со стотици пациенти, но тие сега ја напуштиле. Руските сили се уште се во непосредна област, рече тој.

По ракетниот напад на голем станбен блок во Бородјанка на 2 март, Украинската државна служба за вонредни состојби вчера за Си-Ен-Ен соопшти дека е можно да има луѓе се уште заробени под урнатините на зградата.

Бородјанка е цел на постојано гранатирање во последните неколку дена, како и малите градови околу неа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот