Гори рафинерија во Русија принтскрин ИКС

ВИДЕО| Гори една од најголемите рафинерии во Русија: Украински напад или техничка неисправност?

Украински извори на социјалните мрежи објавија снимки од пожар во една од најголемите рафинерии во Русија, во Јарослав.

Истите извори тврдат дека рафинеријата била погодена во напад со беспилотни летала.

Сепак, регионалниот гувернер Михаил Јевраев, кој потврди дека избувнал пожар во рускиот Јарославски регион, ја исклучи можноста за непријателски напад како причина.

Според него, пожарот избувнал поради „техничка неисправност“, пренесува Франс 24

„Жителите беа загрижени дека тоа би можело да биде резултат на напад со непријателски беспилотни летала. Но, она што се случи нема никаква врска со тоа… Пожарот е од технолошка природа“, рече тој на социјалната мрежа Телеграм, како што објави Ројтерс.

Рафинеријата во Јарослав, позната како „Славнефт-ЈАНОС“, има капацитет за преработка од околу 15 милиони тони нафта годишно, според нејзината официјална веб-страница и податоците од индустријата. Ова ја прави една од најголемите рафинерии во Русија.

Украински извори тврдат дека била погодена единицата ВТ-6, која преработува мазут, со пријавен годишен капацитет од над 6,2 милиони тони.

Рафинеријата се наоѓа приближно 250 километри североисточно од Москва, што значи дека е оддалечена околу 700 километри од границата со Украина.

Во последните недели, Украина ги интензивираше нападите врз рафинериите и инфраструктурата на руската нафтена индустрија, користејќи дронови, што веќе предизвика значителни последици врз снабдувањето со гориво во Русија.

Ројтерс известува дека нападите го намалиле производството, оставајќи многу независни бензински пумпи без залихи на гориво во неколку региони.

Меѓу другото, беспилотни летала неодамна повторно го нападнаа петрохемискиот комплекс Салават на Газпром во рускиот регион Башкортостан. Ова е втор ваков напад за помалку од една недела.

Аналитичарите известуваат дека има недостиг од неколку видови нафтени производи, додека цените на бензинот растат низ целата земја.

Затоа Москва воведе делумна забрана за извоз на дизел до крајот на годината и ја продолжи забраната за извоз на бензин, обидувајќи се да го заштити домашниот пазар од колапс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот