Пожар во Измир/Фото: EPA/MURAT KOCABAS

ВИДЕО | Горат Измир, Хатај и Адана, над 30 лица уапсени за подметнување пожар

Пожарите беснеат неконтролирано во три провинции во Турција, додека пет села и два округа во Измир се евакуирани, изјави претходно министерот за земјоделство и шумарство Ибрахим Јумакли. Тој нагласи дека „борбата“ со пламените јазици продолжува во Маниса и Хатај, бидејќи силните ветрови предизвикуваат континуирано повторно разгорување.

Реџеп Таип Ердоган, веднаш по состанокот на кабинетот, изјави дека „од 1 јуни се регистрирани 1.516 шумски пожари, од кои 1.507 се ставени под контрола“, подвлекувајќи дека речиси сите се поради подметнување пожар. Како што објави, досега се уапсени 31 лице за подметнување пожар.

„Се бориме со пожарите со флота од 27 авиони, 105 хеликоптери, 14 беспилотни летала, речиси 6.000 водни возила и возила за итна интервенција, како и 25.000 шумски херои“, рече турскиот претседател, повикувајќи ги граѓаните да покажат максимално внимание на заштитата на шумите во текот на следните два месеци.

Според турската телевизија НТВ, четири пожари во изминатите два дена во Измир се ставени под контрола, но седум фронтови остануваат активни, од кои два се во Кула и Ахметли во Маниса. Пожари беснеат и во Адана.

ВИДЕО | Пожари беснеат во Измир: Најмалку 10 населби се евакуирани, горат куќи, а 17 лица се уапсени за подметнување

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот