Фото: Screenshot

ВИДЕО | Горан Попов по десет години се врати во Херневен и доби фантастичен пречек

Поранешниот македонски репрезентативец, Горан Попов вчера имаше свои моменти во Холандија каде што беше одлично пречекан од навивачите на Херневен, неговиот поранешен клуб.

Попов беше почесен гостин на натпреварот помеѓу Херневен и НЕЦ Нејмеген, а доби можност и да излезе на теренот каде што доби бурен поздрав од публикат

„Прекрасно е да се биде тука по 10 години. Сигурно повторно ќе дојдам, ова не е последен пат, ќе доаѓам почесто. Да победиме денеска, затоа сума тука, заедно со вас“, истакна Попов во своето кратко обраќање.

Сепак, на крајот натпреварот заврши без победник 1:1. Дресот на Херневен Попов го носеше од 2008 до 2010 година и во тој период собра 51 настап постигнувајќи два гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот