фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

ВИДЕО: Голот на Јамал против Франција прогласен за најубав на Европското првенство

Голот на шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал ​​во полуфиналето против Франција е избран за најубав на Европското првенство, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).

Големиот фудбалски талент на Шпанија ја „измеша“ одбраната на ривалот, шутираше со левата нога од 25 метри, а голманот беше немоќен.

Погодокот на најдобриот млад фудбалер на ЕП против француската селекција можете да го погледнете на видео записот.

По него следат головите на Англичанецот Џуд Белингам против Словачка, Швајцарецот Џердан Шаќири против Шкотска, Романецот Николае Станчиу против Украина и Турчинот Арда Ѓулер против Грузија.

Топ 10 листата на голови на ЕП ја комплетираат Турчинот Мерт Мулдур против Грузија, Шпанецот Фабијан Руиз против Хрватска, Англичанецот Оли Воткинс против Холандија, Италијанецот Матија Ѕакањи против Хрватска и Холанѓанецот Чави Симонс против Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот