Фото: Screenshot

ВИДЕО | Големото промашување на Лукаку против Фиорентина

Тимот на Интер влегува во сериозна резултатска криза и тимот на вчерашниот натпревар против Фиорентина го претрпе четвртиот пораз на последните пет натпревари во Серија А.

На домашен терен Интер изгуби со 0:1 од Фиорентина, а еден од главните виновници за поразот сигурно е Ромелу Лукаку кој го имаше едено од најголемите промашувања сезонава во италијанскиот фудбал.

Се играше 48-та минута кога од левата страна Белгиецот доби одлична топка и се најде во добра прилика, но не успеа да ја смести топката во мрежата на празниот гол.

Само пет минути по оваа шанса на „нероаѕурите“ Џакомо Боновентура го постигна единствениот гол на натпреварот со кој донесе три бода за Фиорентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот