
ВИДЕО | Голем антивладин протест во Тирана
Вечерва, пред Владата во Тирана, се одржа масовен антивладин протест под мотото „Албанија во опасност – Не вели што ќе ми е мене“, организиран од Сали Бериша.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На протестот куси обраќања имаа повеќе граѓански активисти, педагози, актери и млади лица, кои без исклучок побараа рушење на владата на Еди Рама, за кого рекоа дека е најголемиот виновник за сиромаштијата и депопупацијата на населението.
„Протест и само протест, сѐ до уривање на оваа влада која го ограби народот и државата“, порачаа тие.
На протестот присуствуваше и лидерката на Социјалистичкото движење за социјалистичка интеграција Моника Круемади и партискиот потпретседател Петрит Васили, кои беа до Бериша и неговата сопруга.
„Албанија е во најголемата опасност од кога било порано, затоа што Еди Рама го продаде Косово, исто како и Албанија, младите ги истера од државата која ја втурна во сиромаштија. Албанија е на Албанците, а не е на политичарите. Бог да ги благослови Албанците, каде и да се, порача Круемади, во обраќањето до насобраните граѓани.
Последен се обрати Бериша, преставен како актуелен и исторски лидер на Демократската партија, кој изрази задоволство од масовното присуство на граѓани од сите делови на земјата, како и од САД и од други европски земји „кои дошле да простетираат за спас на Албанија“.
„Албанија е во опасност и треба да ја спасите. Еди Рама – ти си непријател затоа што твојот идеал е власт и само власт, а мојот и на граѓаните е слободата. Никогаш нема да ти простме што ги ограби државата и граѓаните. Ти ја посакуваш власта само за богатење, а јас за слобода и враќање на достоистото на Албанците. Овде сме зашто не можеме да трпиме повеќе, рече Бериша, кој не го поштеди актуелниот премиер Рама од погрдни зборови и обвинувања, нарекувајќи го „европски разбојник и вазал на Србија“.
Тој посака Европската унија што побргу да ги почне преговорите со Албанија и пред националнто албанско знаме се заколна велејќи: „Еди Рама, нема да ја признаеме твојата власт“.
Протестот, за чија безбедност беа ангажирани над 1.200 полицајци, како и специјалните полициски единици, мина без инциденти.
Извор: МИА