Фото: Nottingham Forest

ВИДЕО | Голеада и во третиот натпревар од Премиер лигата денес, Саутемптон се поблиску до Чемпионшип

Исклучително расположение беа денес стрелците во сите три натпревари од Премиер лигата, а во последниот Нотингем со 4:3 го совлада Саутемптон.

Во првите 20 минути блеснаа Таиво Авониџи и Мекарти кои донесоа водство на „Шумарите“ од 2:0. Гол за надеж на гостинскиот тим постигна Алкараз, меѓутоа во финишот од првиот дел Гибс Вајт го врати водството од два гола за домашниот тим на паузата.

По само шест минути игра во вториот дел Саутемптон со голот на Лианко по додавањето од Ворд-Праус намали на 3:2 Набрзо Данило се погрижи Нотингем и третпат да има водство од плус два.

Интересно беше во самата завршница кога прво ВАР му поништи гол на Фелипе гол за 5:3, па потоа Ворс-Праус со својот втор гол ги постави конечните 4:3.

Саутемптон со овој пораз остана последен со поголеми шанси да се најде во Чемпионшип наредната сезона, во овој момент заостануваат шест бода зад Лестер кој е 18-ти. Нотингем со денешните три бода се искачи на 16-тата позиција.

Во претходните два натпревари денес Фулам со 5:3 го совлада Лестер, а Евертон на гости го декласираше Брајтон со 1:5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот