Фото: EPA-EFE/STR

ВИДЕО | Гави блескаше во „Ел Класико“ за трофеј на Барселона во Суперкупот

Шпанскиот Суперкуп кој Барселона и Реал Мадрид го играа во Саудиска Арабија им припадна на Каталонците кои славеа победа со 1:3.

Барселона беше подобар противник во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено се радуваше на трофејот. Посебно блесакше младиот Гави кој постигна гол и подели две асистенции.

Резултатот беше отворен по 33 минути кога во листата на стрелци се запиша Гави. Само 12 минути подоцна Гави ја запиша и првата асистенција, а стрелаше Левандовски. На пауза Барселоан замина со предност од два гола.

Напаѓаше Реал повеќе во вториот дел, меѓутоа не беа тоа 100% прилики за гол. Барселона стигна и до 3:0 на дваесетина минути до крајот кога во листата на стрелци се запиша Педри. Бензема во самата завршница го постигна почесниот гол за Реал Мадрид.

За Барселона ова беше 14-ти трофеј во Суперкупот на Шпанија и прв од 2018 година. Исто така ова е првиот трофеј за Чави како тренер во Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот